Биографија на Градоначалникот

Јован Пејковски е роден 25.01.1969 година во Скопје -с.Бразда. Основно образование стекнал во ОУ „Александар Урдаревски„ во с.Сандево додека средното образование го стекнал во АСУЦ „Боро Петрушевски„, оженет и татко на 3 деца.

Повеќе од 20 години се занимавал со приватен бизнис, доста успешно како млад претприемач се до 2009 година. Воедно, во периодот од 2000 до 2009 година во два мандата бил член на Совет на Општина Чучер Сандевo.

Во 2009 година, на локалните избори е избран за Градоначалник на општина Чучер Сандево како независен кандидат подржан од група избирачи.

Во четиригодишниот мандат 2009-2013 година, 2 години Општината беше во тешка финанасиска состојба т.е. со блокирана сметка. Сепак, по излез од лошата финансиска состојба, во годините кои следуваа успеа да реализира повеке крупни проекти меѓу кои: реконструкција на ОУ „Александар Урдаревски„ с.Сандево, ОУ „Св.Кирил и Методиј„ с.Кучевиште, патната инфраструктура беше уште еден голем зафат кој беше реализиран, водоснабдувањето и собирањето на комуналниот смет, доизградба на канализационен систем во населени места во кои претходно не беше изграден итн.

Подржан од група избирачи на локалните избори 2013 година, го доби вториот мандат за Градоначалник за периодот 2013-2017 година во првиот круг на локалните избори 2013 година. За четиригодишниот мандат, завршени се повеќе крупни проекти како: изградба на општинаска детска градинка во основното училиште „Александар Урдаревски„ с.Сандево, изградба на канализација во селата Чучер, Сандево, Бањани, Горњани, Кучевиште; реконструкција на патниот правец познат како „Коцка„ во соработка со Владата на Р.М., нов доводен цевковод за вода за пиење од м.в. Урвич до с.Кучевиште и многу други проекти се со цел подобрување на условите за живот во Општината.

Истотака подржан од група избирачи на локалните избори 2017 година, го доби третиот мандат за Градоначалник за периодот 2017-2021 година во првиот круг на локалните избори 2017 година. За четиригодишниот мандат, предвидува повеќе крупни проекти како: изградба на нова општинска зграда, изградба на детски игралишта во сите села на територија на општина Чучер Сандево, спортски терени во неколку населени места, канализациона мрежа во село Побожје, реконструкција на сите улици во општина Чучер Сандево кои се оштетени со изградбата на водоводна или канализациона мрежа и многу други проекти се со цел подобрување на условите за живот во Општината.