Се известуваат сите жители на општината Чучер Сандево дека со почеток од 10.05.2022 година поради реконструкција на дел од локалниот пат Александар Урдаревски – Рудник Бањањи ( Коцка) ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај во двете насоки.
Затварањето ќе биде во должина од 700 метри, поточно од Оризари до надвозникот на скопската обиколница.
🚌 Автобуска линија 61 поради затварањето ќе претрпи измени. Односно истата линија ќе се исклучува кај местото викано Чардак, ќе продолжи низ село Оризари и ќе се врати на својата вообичаена рута кај скопската обиколница.
🚨 За повторно отварање и нормализација на сообраќајот навремено ќе бидете известени.