вие ја прегледувате страната:

Европска недела на спортот

Во категорија:

Општина Чучер Сандево се вклучи во одбележување на Европска недела на спортот, во соработка со Агенција за млади и спорт и Федерација на училишни спортови.

По тој повод беше изготвена Програма за активности кои се спроведоа во два дена.

-Првиот ден, 22.09.2022 година, Четврток, се реализираа слободни игри_организиран полигон (5 полигони), поставени од наставниците по физичко и здравствено образование во училишниот двор на ООУ „Св.Кирил и Методиј„во с.Кучевиште.

Врориот ден, 24.09.2022 година, Сабота- се спроведе активноста возење на велосипеди, со почетна и крајна дестинација ООУ „Александар Урдаревски„ Сандево.

За настанот имаше голема заинтересираност и самоиницијативност на учениците во основните училишта, односно, освен предвидените, на возењето велосипеди се приклучија голем број на деца од другите одделенија.

Активноста предизвика големо задоволоство и од повозрасното население а случајните минувачи и жители  со радост ги поздравуваа учесниците.

Имајќи го во предвид значењето на спортот и спортските активности, посебено во училишна возраст, општина Чучер Сандево ќе продолжи со организирање и спроведување на активности од областа на спортот.

Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content