„Ова е многу значаен ден. По долг период дојде денот кој многу го чекавме. Денот кога свечено ја пуштаме во употреба ПРВАТА Јавната општинска установа-детска градинка „МИЛО МОЕ„ во општина Чучер Сандево.
Децата се најважни, највредното, тие се причината поради која ќе продолжиме со инвестиции во секоја сфера од живеење во Општината. Тие се Нештото заради кое се сите наши активности, оние заради кои ја правиме Општината подобро место за живеење и вложуваме во условите, во квалитетот на живот на жители на општина Чучер Сандево.„ е дел од говорот со кој Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ се обрати по повод отварањето на првата градинка во Општината. Воедно истакна дека Општината вложува во најмладите а и за Градинката Општина Чучер Сандево има инвестирано 11.174.000,00 денари за изградба, во градежни работи и 110.000,00 денари во опрема.
В.д. Директорот, Ирена Пигуловиќ изјави дека објектот располага со нето корисна површина од 960 м2 и ограден двор од 7.000м2. Располага со капацитет за згрижување на 110 деца, кои ќе бидат опфатени во пет групи.
Понатаму во своето излагање изјави „Децата се иднина на секое општество. Затоа уште од најрана возраст мора да се грижиме за нивниот раст и развој , за да се формираат здрави образовни индивидуи кои утре ќе дадат придонес за надрградба за нашата држава.
Во градинката детето уште од најрана возраст се стекнува со вредности како што се почитта, толеранција, чесност, хуманост, љубов.„
Министер за труд и социјална политика, г-ѓа Тренчевска, истакна дека „Вложувањето во нашите најмлади е влог во иднината. Затоа како Влада и ресорно министерство инвестирањето во детската заштита е во фокусот на нашето работење,“ порача Тренчевска.
Претседател на Влада на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски, во своето обраќање нагласи и дека „Со вложувањето во нови градинки отвораме нови работни места што значи и економски развој на општината или населеното место, создаваме услови граѓаните да гледаат можност за просперитет и за развој за себе и за своите деца, онаму каде што живеат. Не ги заборавивме воспитувачките, негувателките, техничкиот персонал, сите оние кои професионално и одговорно се грижат за децата. Како резултат на политиките на оваа Влада, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата, а со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негователите и стручниот кадар во градинките од септември се покачи за 15%, “ истакна Ковачевски.
Настанот се случи на ден 21.11.2022 година.
СРЕЌНО!
Детали за настанот исто така можете да погледнете на следниве линкови:
https://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-trencevska-vlozuvanjeto-vo-nashite-najmladi-e-vlog-vo-nashata-idnina-otvorena-prvata-detska-gradinka.nspx
https://vlada.gov.mk/node/31081