По повод празникот Богојавление-Водици 2023 година, како и секоја година, беше организиран настан со положување на Светиот Крст во водите, кој се одржа во три населени места во Општината и тоа: во Кучевиште, во Глуво и во Горњане.
Градоначалникот присуствуваше на локациите каде се фрлаше Светиот Крст. На најсреќните, Градоначалникот им посака многу здравје и успех и им врачи подарок од локалната самоуправа.
Оваа година, најсреќен беше Иван Пислевиќ кој успеа прв да го извади Светиот крст од водата на фонтаната во Горњане.
Потоа, Ангел Јовчевски го фати Крстот во водата во реката во Глуво и Дарко Аговски го фати Крстот во водите на реката во Кучевиште.
Нека оваа година им донесе многу среќа.
На граѓаните, верниците, им го честитаме празникот и им посакуваме многу успех, здравје и среќа.
Општина Чучер Сандево