Во период од 05 до 07 Мај 2023 (Петок, Сабота и Недела) се одржa првата манифестација „ДЕНОВИ НА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ„ во општина Чучер Сандево.
Во предвидените денови, околу 30 пријавени учесници ги покажаа своите умешности во сликање на тема „СТАРИ ГРАДБИ ВО ОПШТИНА ЧУЧЕР САНДЕВО„.
Покрај пријавените учесници, ни се придружија и дечиња, случајни посетители, сите со воодушевување се вклучија и изработија цртеж.
Изработените дела ќе бидат изложени на Денот на општина Чучер Сандево, 17ти Ноември.
Голема благодарност за сите учесници и најголеми пофалби до нашите уметници.
Манифестацијата, прва од ваков вид во Општината, се одржа во Манастир Св.Никита, Горњане, а се спроведува врз основа на Програма за активности на општина Чучер Сандево од областа на културата за 2023 година, а по објавен јавен конкурс и по остварена соработка со одговорен наставник по предметот ликовно образование.