Општина Чучрер Сандево во соработка со Здружение на дијабетичари МОСТ, Скопје, на 19 Мај 2023 година (Петок) организираше предавање на тема „Живот со дијабетес„.
На настанот предавач беше д-р Џулијана Михајловска, специјалист ендокринолог.
Присутните имаа можност да проследат презенатија на темата, консултации до Докторката, беше вршено мерење на гликемија а беше даден и едукативен матријал.
Општината ќе продолжи со спроведување на активности и да е грижи за сите свои жители.