Општина Чучер Сандево во соработка со Центар за одржлив развој АЛКА и Фондација за развој на образование и култура, а во врска со ИПА II Програма за прекугранична соработка на СРБИЈА-СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, започна со реализација на проектот „Оспособување за вработување и претприемаштво„ финансиран од европска комисија и Министерство за финансии на Република Србија, Сектор за договарање и финансирање на ЕУ програми-Управен орган на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македониј 2016-2020.
Ги повикуваме сите заинтересирани лица на возраст од 18 до 35 години да се приклучат на проектот за подобрување на вработливоста на кој крајна цел му е преквалификација или доквалификација на заинтересираните.
Проектни активности вклучуваат неколку обуки за зголемена вработливост кои ке се реализираат во ресторан „Ореов лад„ а потоа следуваат курсеви за преквалификации и доквалификации согласно потребите на учесниците.
За се погоренаведено, сите трошоци (превоз, храна, курсеви) ќе бидат покриени од проектот.
Бројот на учесници е ограничен.
Ве очекуваме,
Информации на тел.076 298 009