Од 14.07.2023 година, па во наредните денови, ќе се одржи Турнир во мал
фудбал во село Глуво.
Заинтересираноста за ваков вид на спортски настани се докажува и со големиот број пријавени екипи за учество. Согласно Програмата на Организаторот, Здружение за промоција и афирмација на спортски
вредности КУЛТУРЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР ГЛУВО Чучер Сандево, по 4 натпревари ке се играат секоја вечер со почеток во 20 часот.
На отварањето, имавме чест да ги видиме КУД „Александар Урдаревски„, потоа со ревијален натпревар ги видoвме најстарите фудбалери од село Глуво и село Бањане.
Главен покровител на Турнирот во Мал фудбал 2023 во село Кучевиште, е општина Чучер Сандево.
Општина Чучер Сандево, со обезбедување на предуслови, се труди да ги поттикне мадите да спортуваат.