вие ја прегледувате страната:

ПРАВИЛНИК за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства за признанија и награди од Буџетот на Општина Чучер-Сандево

Во категорија:

Врз основа на член 26 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.Весник на Р.М.“ бр.05/02), Советот на Општина Чучер Сандево, на 9-та седница на Советот на општина Чучер-Сандево, одржана на 28.03.2022 година, донесе

 

П Р А В И Л Н И К

за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства за признанија и награди од Буџетот на Општина ЧучерСандево

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник се утврдуваат критеиумите и постапката за доделување на средства за признанија и награди од Буџетот на Општина Чучер-Сандево на физички лица во областа спорт и рекреација и образование.

 

Член 2

Физички лица кои ќе поднесат барање, кон барањето треба да ја достават и следната документација:

Кон барањето лицата треба да ги достават следните документи:

  1. Пофалници
  2. Дипломи
  3. Уверенија
  4. Потврда или друга соодветна документација издадена од надлежен орган со која се потврдуваат постигнатите успеси.

 

Член 3

Барањето со документацијата се доставува преку архивата на Општината до Совет на Општина Чучер Сандево, Комисија за признанија и награди, во затворено плико со назнака „Барање за доделување на средства за признанија и награди„.

Барањата може да се доставуваат во текот на целата година.

 

Член 4

Во предвид ке бидат земени само постигнати успеси за период не подолг од една година од денот на освоената награда.

 

Член 5

Комисијата согласно критериумите изготвува предлог за доделување на средства од Буџетот и истиот го доставува до Советот на Општината.

Врз основа на предлогот од комисијата Советот носи Одлука за исплата на доделените средства врз основа на која Градоначалникот носи Решение за исплата.

 

Член 6

Комисијата од член 3 на овој Правилник е должна при разгледување на барањата за доделување на средствата да ги почитува и да се придржува кон критериумите утврдени во овој Правилник.

 

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА

 

Член 7

Критериумите за доделување на средствата се утврдуваат во областите во кои согласно Законот за локалната самоуправа општината има надлежност и за проекти, програми или активности кои се во согласност со програмските одредби на општината и програмите донесени од Советот на општина Чучер-Сандево и тоа:

 

  1. Физички лица

Основен услов кој треба да го исполнува барателот е да е жител на Општина Чучер-Сандево.

Документи кои се приложуваат кон барањето:

а) значење на програмите, проектите или активностите за општината, регионот, Републиката или значење од меѓународен карактер;

б) можност за афирмација на општината;

в) претходни успеси, добиени награди во општината, регионот, Републиката или меѓународни награди;

г) временски период за реализација на активностите;

д) висина на обезбедените средства од донатори или други извори.

 

Член 8

При доделувањето на средствата Комисијата од член 3 на овој Правилник, треба да се раководи и од следните критериуми:

 

А)

Износот на доделените средства за резултати постигнати на општинско ниво:

-за освоено I  место-износ од 3.000,00 денари.

-за освоено II  место-износ од 2.000,00 денари.

-за освоено III место-износ од 1.000,00 денари.

 

Б)

Износот на доделените средства за резултати постигнати на меѓуопштинско ниво:

-за освоено I  место-износ од 5.000,00 денари.

-за освоено II  место-износ од 3.000,00 денари.

-за освоено III место-износ од 2.000,00 денари.

В)

Износот на доделените средства за резултати постигнати на државно ниво

-за освоено I  место-износ од 10.000,00 денари.

-за освоено II  место-износ од 8.000,00 денари.

-за освоено III место-износ од 5.000,00 денари.

 

Г)

Износот на доделените средства за резултати постигнати на регионално ниво:

-за освоено I  место-износ од 20.000,00 денари.

-за освоено II  место-износ од 15.000,00 денари.

-за освоено III место-износ од 10.000,00 денари.

 

Д)

Износот на доделените средства за резултати постигнати на меѓународно ниво:

-за освоено I  место-износ од 30.000,00 денари.

-за освоено II  место-износ од 20.000,00 денари.

-за освоено III место-износ од 10.000,00 денари.

 

 

Член 10

Исто лице, Барање може да се  поднесе само еднаш во текот на година.

 

Член 11

Овој Правилник влегува во сила со денот на негово донесување.

 

Член 12

Со донесување на овој правилник престанува да важи Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средствата од Буџетот на Општина Чучер-Сандево бр.01-212/1 од 04.02.2015 година.

 

Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content