вие ја прегледувате страната:

Манифестација за избор на најдобро вино и ракија во општина Чучер Сандево.

Во категорија:

На 25ти Ноември 2023 година се одржа Манифестација за избор на најдобро вино и ракија во општина Чучер Сандево.
Оваа Манифестација се одржа по втор пат. По позитивните коментари и придобивките од минатогодинешната манифестација, настанот беше предложен во Програма за работи oд област на култура за 2023 година, по што беше поддржана и од Советот на Општината.

Покрај што ке биде овозможено дружење. Пензионерите се оние од кој треба да се учи и за начинот на одгледување лозови насади, за начинот на подготовка на вино и ракија. Радува фактот што помеѓу натпреварувачите има по млади лица. Но не е доволно. Заложбата и резултатот од овој настан треба да е да поттикнеме младото население да се мотивира да вложуваат во лозовите насади, да ги одгледуваат и се повеќе натпреварувачи да ни се млади лица. Традицијата мора да продолжи.

Согласно крајниот рок за пријавување, доставени беа 38 примероци од страна на 23 лица.
Категорија : Вино
1. Златко Коевски
2. Никола Шаговски
3. Ниниќ Спасо
4. Стојко Бојчовски
5. Златко Ингилизовски
6. Љубомир Радосавлевиќ
7. Лазар Путовски
8. Војко Ниниќ
9. Сашко Шишковски
10. Горан Поповски
11. Јован Шаговски
12. Златко Радевски
13. Милан Ниниќ
14. Гоце Мирчевски
15. Перо Трајановски
16. Марјан Баевски
17. Цеко Русовски
18. Марјан Баевски

Категорија : Ракија
1.Ниниќ Спасо
2. Љубомир Радосавлевиќ
3. Гоце Мирчевски
4. Перо Трајановски
5. Ацо Пршевски
6. Драги Поповиќ
7. Вера Божиновска
8. Марјан Баевски
9. Јован Шаговски
10. Никола Шаговски
11. Живко Мисердовски
12. Златко Ингилизовски
13. Живко Бојчовски
14. Војко Ниниќ
15. Сашко Шишковски
16. Милан Ниниќ
17. Трајко Путиќ
18. Стојко Бојчовски

Процесот на дегустација започна во раните часови и во 13 часот Комисијата веќе ги имаше сите резултати. Од истите, во продолжение се првите три наградени во двете категории.

Категорија ВИНО
I. место – Златко Коевски
II. место – Никола Шаговски
III. место – Ниниќ Спасо

Категорија РАКИЈА
I. место – Ниниќ Спасо
II. место – Љубомир Радосавлевиќ
III. место – Гоце Мирчевски

Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content