Општина Чучер Сандево ги повикува оштетените граѓани да пријават штета од пожарот кој во периодот од 06.07.2025 до 15.07.2025 година зафати повеќе делови од Општина Чучер Сандево.
Подносителот потребно е да достави Барањето за пријавување на штета како и
- Фотокопија од имотен лист
- Фотокопија од лична карта
- Изјава за користење на личните податоци
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Фотокопија од договор за закуп
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден заклучно со 15.08.2025 година, од 9.00 до 15.00 часот, во архивата на Општина Чучер Сандево.
Комисија за процена на штети од елементарни непогоди
на општина Чучер Сандево