вие ја прегледувате страната:

„САНДЕВО ФЕСТ„

Во категорија:

На ден 29.09.2023 година Петок, Општина Чучер Сандево во соработка со „Партизански дом Сандево„ Сандево, се одржа културен, забавно спортски  настан под името „САНДЕВО ФЕСТ„.

Во период од 17 до 23 часот ги видовме настапите на КУД „Александар Урдаревски„,  Фолклирно студио „Плетеница„, вокалните солисти Гоце Пејковски, Цаци и Благица Ѕунѕуровска како и Марјан  и ДиЏеј Рекс.

Паралелно со музичкиот дел голема посетеност имаше и на поставените пинг-понг маси и шах.

Градоначалникот на општина Чучер Сндево во неговото обраќање истакна дека по многуте настани оваа година за различни возрасти, увидовме потреба од огранизирање на настан од ваков вид, за сите возрасни групи на едно место. Како Општина ке се залагаме овој настан „Сандево фест„ да се одржува секоја година.

Општина Чучер Сандево искажува голема благодарност до Гоце Пејковски, Цаци и Благица Ѕунѕуровска, кои како солисти од Општина Чучер Сандево, ни излегоа во пресрет и со својот настап го разубавија музичкиот дел.

Повеќе фотографии може да погледнете на фејсбук страната на ОЈУ Партизански дом Сандево

Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content