Во населеното место Побожје секоја година на Велигден се организира маскембал, познат
под името СУРЕТИ. Маскембалот/сурети се одржува на првиот ден Велигден, Понеделник. Oваа
година тоа беше денот 06 ти Мај.
Со цел зачувување на традицијата и промоција на настанот во село Побожје, Општината и
жителите на селото имаат желба оваа традиција да не згасне и да биде се по позната и по посетена.
Маскембалот започува попладне а по дефилето на маски следуваше музички дел кадешто
покрај маскирание, на забавата се приклучија и посетителите.
Ова беше можност за дружење и културно промовирање на областа.