вие ја прегледувате страната:

АТЛЕТСКИ КРОС 2024

Во категорија:

На 24.10.2024 година се одржа „АТЛЕТСКИ КРОС 2024„.

Во активноста учествуваа 30 ученици од 6то и 7мо одделение од основните општински училишта ООУ „Михаљ Грамено“ Брест, ООУ „Александар Урдаревски“ Сандево и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Кучевиште -по 10 ученици од секое училиште.

Воедно, беше запазена и родовата еднаквост-15 девојчиња и 15 момчиња успешно ја истрчаа предвидената 600 метарска стаза и ги покажаа своите одлични способности.
Сите учесници добија маички со лого на Општината и настанот, пофалници за учество а за првите три места во категорија женски и категорија машки, беа доделени медаљи.

Благодарност до наставниците по физичко и здравствено образование во Училиштата како и до МВР-ПО Мирковци.

Општина Чучер Сандево продолжува да инвестира во младите и спoртот.

 

 

Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content