Направеното не можеме да го вратиме назад, но затоа можеме да ги испланираме следните чекори многу подобро.
Општина Чучер -Сандево започна со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, активност која ја реализираме во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје.
Поставивме специјализирани контејнери за ситен електронски и електричен отпад и садови за отпадни батерии на 11 различни локации во Општината.
Да се гржиме заедно и да се потрудиме контејнерите да ја исполнат намената за која се направени.
Се што е нефункционално , а работи на струја или батерии, мобилни телефони, миксери, тостери, фен, компјутети, принтери и сл…отстранете го во овие контејнери, не го мешајте со комунален отпад.
Со оваа мерка создаваме ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема на подрачјето на нашата Општина.