Врз основа на точка 3.1. став 1 алинеа 1 Програма за активности на општина Чучер Сандево од областа на култура за 2025 година бр.08-2212/17 од 30.12.2024 год., општина Чучер Сандево објави Јавен повик за пријавување по повод одбележувањето на верскиот празникот Богојавление-Водици 2025 година бр.09-41/1 од 08.01.2025 год.
На јавниот повик по повод празникот Богојавление-Водици 2025 година, беше организиран настан со положување на Светиот Крст во водите и пријави поднесоа пет организатори од пет различни места во општината и тоа: Глуво, Мирковци, Горњане и во Кучевиште.
Градоначалникот присуствуваше на сите локациите каде што се фрлаше Светиот Крст. На најсреќните, им посака многу здравје, среќа и успех и им врачи подарок од локалната самоуправа.
Оваа година, најсреќен беше Николај Урдаревиќ кој успеа прв да го извади Светиот крст од водата на фонтаната во Горњане.
Во село Мирковци каде по прв пат се одбележа овој празник најсреќен беше Кристијан Каровски кој го фати Крстот во водите во реката.
Во село Бањане најсреќен беше Кристијан Љубовчевиќ кој прв успеа да стигне до Светиот крст во водите во базентот кој се наоѓа во црквата Св.Ѓорѓија во с.Бањане.
Потоа, Илија Пејковски го фати Крстот во водата во реката во Глуво и Саша Киранџиќ го фати Крстот во водите на реката во Кучевиште.
Нека оваа година им донесе многу среќа.
На граѓаните, верниците, им го честитаме празникот и им посакуваме многу успех, здравје и среќа.