30-31 Мај 2025 и 01 Јуни 2025 година
Настанот ДЕНОВИ НА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ 2025 предвиден е во Програма за култура на општина Чучер Сандево за 2025 година. Организиран беше од страна на општина Чучер Сандево, потпомогнат од ОЈУ „Партизански дом Сандево„ и општинските основни училишта.
Учесниците, 20 ученици од општинските основни училишта, работеа на тема: цртање-со техника молив и лавиран туш, сликање-со техника акрилни бои, графика-со техника линорез, скулптура рељеф-техника гипс и дизајн-плакат и лого.
Општина Чучер Сандево изразува голема благодарност за наставникот по ликовно образование, Стефан Нешковиќ, за неговата заложба и особен придонес во реализација на овој настан.
ДЕНОВИ НА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ 2025 година се одржа во дворот на Манастир Св.Атанасиј с.Глуво. Големиот број посетители, со пофалби и воодушевување ја следеа работата на учесниците, воедно, младите посетители имаа катче кадешто и самите имаа можност да цртаат.
Изработките ке бидат изложени на прославата по повод Ден на Општина Чучер Сандево.