Со големо задоволство ја објавуваме успешната реализација на годинешната манифестација „Најдобро Вино и Ракија 2025“, која традиционално ја слави локалната традиција, квалитетното производство и врвниот занает на винари и ракиџии од нашиот регион.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера, со голем број посетители, професионални дегустатори и учесници кои го прикажаа најдоброто од своето производство.
Во продолжение добитниците
Категорија: Вино – Освоени места
🥇 I место: Златко Коевски
🥈 II место: Горан Поповски
🥉 III место: Срѓан Кајсторовски
Вината беа оценувани според аромата, боја, чистина, вкус, постојаност и општ впечаток од страна на професионална комисија дегустатори.
Категорија: Ракија – Освоени места
🥇 I место: Гоце Мирчевски
🥈 II место: Срѓан Кајсторовски
🥉 III место: Ласто Вучиќ
Ракиите беа оценувани според интезитет, чистина, јачина, арома, хармонија и квалитет на дестилацијата.
Голема благодарност до сите производители, посетители, дегустатори и поддржувачи кои придонесоа оваа манифестација да биде успешна и богата со квалитетни производи.
Посебна благодарност до Рептил Маркети кои обезбедија подарок за сите натпреварувачи како и до одборот на Црквата Св.Петка с.Побожје, која ги отвори своите врати и беше домаќин на настанот.
Се гледаме повторно во 2026 година со уште повеќе учесници, нови вкусови и уште поголема промоција на традицијата.