За 29тиот роденден беше организирана прослава. Започна со Хорска изведба на Химна на Република Северна Македонија. Потоа, се обрати Градоначалникот и посакувајќи убава вечер, продолживме со настап на најмалите-дечињата од ЈОУДГ „Мило Мое“. Меѓу многуте работи, можеме да се пофалиме и со солистички способности на ученици во нашите училишта. Беа презентирани достигнувањата во основното образование на нашите ученици. Воедно, беше презентирана и наградената поетска творба на тема Мојата општина.
Гостите имаа можност да ги погледнат и изработките од „Денови на ликовна уметност 2025„.
Во насока на наградување за целогодишно вложување во работната средина на учениците и наставниците, беа Прогласени Најдобро организиран настан во Училиштата, и најдобри училници по одделенска и предметна настава.
Фолклорот е дел кој несмее да биде изоставен на сите прослави. На 29тиот роденден на Општината можевме да ги видиме прекрасните играорци на КУД „Александар Урдаревски“ и КУД Вук Караџиќ
Како и на секоја роденденска просла, тортата е неминовен дел. Прославата заврши во одлична атмосфера со сечење на торта.