Почитувани,
Ве покануваме да бидете дел од традиционалниот маскембал–
Сурети во село Кучевиште, општина Чучер Сандево
📅 Датум: 22.02.2026 (Недела)
📍 Локација: село Кучевиште
⏰ Време: 12 часот
Дојдете да уживаме заедно во:
- традиционални маски и обичаи
- весела поворка низ селото
- богата музичка програма,
- смеа и дружење
Сурети се вековна традиција во Кучевиште, поврзана со празникот Прочка – ден кога си простуваме и со радост го дочекуваме Велигденскиот пост.
✨ Облечете маска, понесете добро расположение и бидете дел од оваа убава традиција!
Ве очекуваме!