вие ја прегледувате страната:

Нова пречистителна станица во Кучевишка Бара!

Во категорија:
🚧 Нова пречистителна станица во Кучевишка Бара! 💧
🏗️ Започнуваме реализација на нова пречистителна станица во населбата на Кучевишка Бара, која ќе го реши проблемот со третманот на отпадните води на овој дел од општината.
💦 Пречистените води ќе се испуштаат во колекторот што ќе се изгради до реката Серава, а станицата е проектирана да ги исполни релевантните еколошки стандарди.
👨‍👩‍👧‍👦Овој проект е проектиран за 5.000 жители и ќе се спроведува во две фази:
1️⃣Фаза 1: Во првата фаза ќе бидат приклучени 3.000 жители.
2️⃣Фаза 2: Во втората фаза ќе бидат приклучени дополнително уште 2.000 жители.
🏛️Како локална самоуправа, ќе продолжиме да вложуваме во современа, одржлива и безбедна инфраструктура која носи придобивки за нашите граѓани.
Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content