вие ја прегледувате страната:

Манастирската тура 19.04.2026 (недела)

Во категорија:
🚴‍♂️На манастирската тура 19.04.2026 (недела), ни се придружија околу 105 велосипедисти, кои заедно поминаа патека од 32 км.
⛪Во текот на турата, учесниците ги посетија манастирите Св. Илија, Св. Јован, Св. Пресвета Богородица и Св. Никита, при што имаа можност да ја почувствуваат убавината и културата на Чучер-Сандево.
🙏Изразуваме искрена благодарност до сите учесници кои ни се приклучија во еден навистина значаен настан за нашата општина, како и голема благодарност до екипата Macedonian Bike Riders (Маседониан Бајк Рајдерс) и сите волонтери кои го организираа и успешно спроведоа овој рекреативен и духовен настан.
🌄Со овие настани успеваме да ја прикажеме убавината и културата на нашата општина и целата Скопска Црна Гора.
🤝Заедно ќе продолжиме да градиме заедница која ќе ја вреднува и поттикнува традицијата и културното наследство во активниот начин на живот.
📸Во прилог се фотографии кои го доловуваат духот и атмосферата на Манастирската тура.
Почитувани сограѓани, ве замолуваме вашите проблеми / прашања до општината доставете ги преку следнава контакт форма.
Skip to content