Општина Чучер-Сандево ги повикува сите граѓани да ги пријават претрпените штети нанесени од силното невреме кое го зафати нашето подрачје на 21.07.2026 (вторник).
Секој граѓанин на кој му е нанесена штета, потребно е да поднесе барање заедно со следните документи:
-Фотокопија од имотен лист.
-Фотокопија од лична карта.
-Изјава за користење на личните податоци.
-Фотокопија од трансакциска смета.
-Фотографии од нанесената штета.
Пријавата заедно со комплетната документација се доставува до архивата на Општина Чучер-Сандево, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот заклучно со 31.07.2026 година.
Апелираме до граѓаните навремено да ги поднесат своите барања. Преку тоа комисијата за процена на штети од елементарни непогоди на Општина Чучер-Сандево ќе изврши увид во најкраток можен рок. Пријавите ќе бидат разгледани според законските прописи.