Светлата на сцената се изгаснаа. Но, енергијата, насмевките и убавите моменти од изминатите две вечери остануваат со нас. 
Оваа година Сандево Фест се искачи ниво повисоко – со уште повеќе публика, музика, забава, дружење и незаборавна атмосфера во срцето на Скопска Црна Гора.
Голема благодарност до сите изведувачи, учесници, организатори и до секој од вас што беше дел од фестивалот и ја создаде оваа прекрасна атмосфера.
Следната година се гледаме повторно. На истото место. Со уште поголема енергија и уште подобар Сандево Фест! 
До следното дружење – чувајте ги убавите спомени. 
САНДЕВО ФЕСТ – приказната продолжува!







