Известување
На ден 15.10.2026 година со почеток во 13 часот, во просториите на општина Чучер-Сандево, се одржа 1-та седница на Локалниот совет за превенција, свикана од претседателот на Советот Зоран Бајовски.
На седницата беа присутни сите членови: претставници од Општината, членови од Советот на Општината, претставници од МВР- ПС Чаир и ПО Мирковци, директори од основните училишта, јавни претпријатија, жители од населени места како и претставник од Македонски шуми.
Согласно дневниот ред, се усвои Деловник за работа на Локалниот совет за превенција.
Советот донесе иницијативи и предлози во однос на безбедноста во сообраќајот на територија на општина Чучер-Сандево а се разгледуваше и безбедноста од дивите животни (шакали), како и справување со нив.
Се изнесоа ставови и мислења од сите присутни на Локалниот совет за превенција и беа предложени теми за наредна седница на ЛСП.