
Овој јубилеј е можност да се потсетиме на изминатите три децении исполнети со заедништво, бројни предизвици и континуиран напредок, како и да им оддадеме признание и почит на сите оние кои со макотрпен труд и посветеност ја граделе и развивале Општината каква што ја познаваме денес.

Почитувајќи го наследството што ни го оставиле претходните генерации, продолжуваме да градиме посилно, поразвиено и помодерно Чучер-Сандево.