Голема благодарност до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за финансиската поддршка во реализацијата на оваа манифестација.
Овогодишното издание, покрај изборот на најдобро вино и ракија, беше збогатено и со изложба на штандови исполнети со традиционална храна и специјалитети од нашиот крај, како и со панел-дискусии и едукативни активности на пет актуелни теми: „Како потеклото и традицијата можат да станат препознатлив бренд“, „Заштитени географски и традиционални називи на земјоделско-прехранбени производи“, „Како до подобро вино“, „Дигитализација во земјоделството“ и „Правилна употреба на пестициди во градинарството, овоштарството, лозарството и полјоделството“.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера, со голем број посетители, професионални дегустатори и учесници кои го претставија најдоброто од своето производство. Оваа година беше забележан рекорден интерес, со вкупно 71 пријавен примерок за оценување.
Категорија: Вино – Освоени места
I место: Игор Цимбировски
II место: Марјан Копчаревски
III место: Срѓан Кајсторовски
Вината беа оценувани според арома, боја, чистина, вкус, постојаност и општ впечаток.
Категорија: Ракија – Освоени места
I место: Зоран Поповски Попе
II место: Никола Кошчицовски
III место: Александар Варсакевски
Ракиите беа оценувани според интензитет, чистина, јачина, арома, хармонија и квалитет на дестилацијата.
Воедно за најдобро уреден штанд со традиционални јадења беше избран штандот претставен од жителите на с. Побожје.
Се гледаме повторно во 2027 година со уште повеќе учесници, нови вкусови и уште поголема промоција на традицијата.














